Лионел Меси е на продолжен одмор, се разбира оправдано бидејќи играше финале со Аргентина на Копа Америка. Победија со 1:0 и во својата витрина Меси го стави пехарот кој му недостигаше. Славеа против Бразил, но и играчот со кој Меси се фотографираше и предизвика хаос на социјалните мрежи. Бразилецот Нејмар, кој од исти причини доби продолжен одмор, објави фотографија со Меси, но и Ди Марија, Верати, Леандро Парадес.

Реакциите на фановите на Барса на социјалните мрежи се дека каталонскиот клуб мора да реагира побрзо за да го продолжи договорот со најдобриот. Како што е познато, од јуни оваа година Меси е слободен играч бидејќи му истече договорот со Барселона. Од друга страна, веќе не е тајна дека ПСЖ се обидува да го донесе во Париз, па поради тоа самата фотографија на Меси со „половина“ тим на ПСЖ предизвика хаос.