Познат американски фотограф поведе судска тужба против познатата уметница за тетовирање Кет Вон Ди, обвинувајќи ја за нарушување на авторските права на неговата фотографија со џез-музичарот Мајлс Дејвис, која таа му ја истетовирала на свој муштерија, пренесуваат странските медиуми.

Фотографот Џеф Седлик во 1989 година го креираше легендарниот портрет на Дејвис, а фотографијата беше објавена на насловната страница од списанието за џез-музика „Џезиз“ во август истата година. Оттогаш фотографијата беше објавувана во многу списанија низ светот, а беше избрана и за „Фотографија на годината“, избор што секоја година го прават во списанието „Лајф“.

Shhhhhhhh! Don’t tell anyone but this is actually Kat Von D’s 1st time doing a portrait of the incomparable #MilesDavis. So far go good, huh??
What musician would you get?

Posted by High Voltage Tattoo on Friday, 17 March 2017

Кет Вон Ди е сопственичка на студиото за тетовирање „Хај Волтаж“ во Холивуд, а стана популарна откако на телевизијата Ти-ел-си беше прикажана серијата „ЛА:Инк“. Во март 2017 година, таа ја употреби фотографијата од Седлик за да изработи тетоважа на рака на клиент, а тоа неколкупати беше споделено на социјалните медиуми, вклучувајќи ги и двете инстаграм-објави.

Проблемот е што Кет никогаш не побарала ниту добила дозвола или одобрување од Седлик за да ја репродуцира фотографијата, која била продадена со неексклузивни права за репродукција, дистрибуција и објава откако е создадена во 1989 година.

Минатата недела Седлик во калифорнискиот суд поднесе жалба на 31 страница, во која бара Кет Вон Ди да ги отстрани сите објави на неговата фотографија (вклучувајќи ја и тетоважата) од сите печатени, интернет и социјални платформи. Тој исто така бара и отштета од 150.000 долари поради повреда на авторски права, дел од профитот заработен од фото-тетоважата, загуби поради повреда на авторските права, како и наплата на други давачки при судскиот спор.

Фотографот изјави дека претходно се обидел да дојде до Кет за да ја убеди да се спогодат вонсудски, но неговите обиди завршиле безуспешно.

Госпоѓата Вон Драченберг не само што недозволено ја искористила фотографијата на господинот Седлик, туку истовремено си препишала заслуги како делото да е лично нејзино, дистрибуирала фотографии од нејзиното незаконско дело пред своите милиони следбеници на социјалните мрежи и ги користела тие фотографии за промоција на својот бизнис во разни комерцијални цели“, се наведува во изјавата од портпаролот на фотографот објавена во списанието „Билборд“.

Profimedia

Госпоѓата Вон Драченберг одби да ја почитува креативната работа на нејзин колега уметник и избра да заработи од легендарната фотографија од господин Седлик за лично богатење, експлоатирајќи ја притоа споменатата фотографија за да изгради свој бренд и да направи промоција за продажба на свои производи и сервиси“, се додава во соопштението.

Дали Седлик е во право или не, ќе зависи од одлуката на судот колку тетоважата е трансформирана.
Познавачите на судските процеси во кои се работи за авторски права, тврдат дека одбраната на Кет Вон Ди ќе се темели на теоријата дека таа ја трансформирала спорната фотографија и ѝ дала сосема поинакво значење и порака. Не е чудно тоа што Седлик тврди дека тетоважата е „недозволена репродукција“. Но, прашањето е дали навистина тоа се случило со оглед дека не е направена копија на фотокопир, туку фотографијата е насликана на човека кожа.

Не за џабе се нарекуваат ‘уметници за тетовирање’ а не ‘техничари по тетовирање’. Секако дека Кет ја искористила фотографијата од Седлик, но тоа не е исто како да земете и да ја умножите копирајќи ја на фотокопир. Ова треба добро да се разгледа и нема да биде лесно да се реши“, тврдат познавачите на авторските права.