Со денови повеќе од десеттина прометни улици во скопската населба се без улично осветлување, целосно потонати во мрак со што се загрозува јавната но и безбедноста во сообраќајот.
Овој проблем е особено присутен на улиците околу стадиониот но и во населбата Дексион, а без јавно осветлување е и кејот на Вардар што многу жители на Ѓорче Петров масовно го посетуваат во жешките јулски ноќи.
Покрај мракот, во оваа скопска општина речиси со месеци редовна слика е и ѓубрето кое може да се забележи буквално на секоја улица и на секој јавен простор.
Фотографии испратени до нашата редакција говорат за состојбата во која се наоѓа скопската населба Ѓорче Петров.
Улици потонати во мрак, ѓубре расфрално низ јавни простори и преполни контејнери стана секојдневие за жителите на Ѓорче Петров.
Превземено од 24инфо.мк