Актерот Вил Смит очигледно донел одлука да ја врати титулата „најдобар фраер“ во Холивуд, поради што се „фрлил“ на напорни тренинзи.

Тој објави фотографија од теретана на која позира со насмевка и под која напиша:

„Враќање на почеток. Изгледам како круг. Одиме!“, напиша актерот кој беше облечен во спортска облека.

Нормално, неговите следбеници му пружија целосна поддршка, но не одолеаа ниту малку да се пошегуваат на сметка на неговиот изглед.

Актерот претходно јавно покажа колку килограми вишок ставил на своето тело за време на карантинот, по што многумина му порачаа што побргу да запре и да поработи на своето тело.

Вил Смит е еден од оние кои веќе повеќе од две децении успешно уживаат во титулата „најзгодните холивудски актери“, меѓутоа неговата последна фотографија не остави без текст, како нас, така и светот, па токму затоа актерот решително одлучил да го врати својот стар добар изглед назад.

ФОТО: Вил Смит вели дека е во најлошата форма во својот живот