Фудбалерот на Тотехем, Деле Али е во немилост на Жозе Мурињо. Иако минатата сезона овој фудбалер беше еден од најважните на Тотенхем, оваа речиси и да не добива шанса за настап.

Но, тоа не е единствениот проблем за Деле Али. Пред околку еден месец го остави девојката, згодната манекенка Руби Мае. Причината е бизарна, многу време поминувал на видео игрици, поточно на „Фортнајт“.

Но, Деле Али сега прави уште поголем очајнички потег. Тој имено преку апликации си бара сродна душа, односно девојка. Поточно отворил профил на платформата Rayi која нуди можности за запознавање на личности. Таа среќа ја испробале и други познати личности како што се Бен Афлек, пејачката Адел и слично.