Лионел Меси во моментов ја одржува прес конференцијата во Барселона на која се простува од неговите соиграчи, од навивачите, од сите во клубот. Како што е познато тој не го продолжи договорот, поради финансиските ограничувања на Ла Лига и финансискиот фер плеј, па следната сезона ќе го гледаме во друг дрес. Секако срцето не издржа, солзите сами потекоа. Аплаузот траеше неколку минути.