Познатиот српски актер Иван Босиљчиќ со публиката преку социјалните мрежи ја сподели веста дека е заразен со коронавирусот и дека има симптоми на болеста.

За жал, тој е принуден да ги одложи сите обврски и претстави, што многу тешко му паѓа.

Со оваа порака тој сакал да апелира до граѓаните да се чуваат, бидејќи можат ненамерно да заразат многу луѓе, што нему, сепак, не му се случило.

Актерот наведува дека сите колеги со кои тој бил во контакт, како и неговата сопруга, пејачката Јелена Томашевиќ и ќерката Нина, се негативни за коронавирусот.

„Мојот тест на ковид е позитивен, во текот на следниот период ќе закрепнувам во домашна изолација. Имам симптоми, под надзор сум на добри лекари. Исклучително ми е важно тоа што никој од над 30 колеги со кои бев секој ден, не е заразен. Исто така, моите членови на семејството се здрави. Ви благодарам за разбирањето. Се гледаме наскоро во здравје. Чувајте се“, напиша Иван.

          Инстаграм

   Инстаграм