Полека ни пристигнуваат убавите и топли денови, кои вистинска штета е да ги поминуваме во затворен простор…

Особено доколку работите од дома, имате и повеќе од доволно причини да инвестирате малку време и терасата да ја претворите во оаза во која ќе работите, а по завршувањето на работното време, нека таа биде вашето катче за уживање, мир и благосостојба.

Само неколку чекори ве делат од совршено уредената тераса. Се што е потребно се неколку билки, масичка, столчиња, перничиња, неколку украси и малку креативни идеи.

Ние пронајдовме 10 фотографии кои можат да ви послужат како инспирација и мал водич за што подобро уреден простор за релаксација, не ги пропуштајте…