15-годишниот син на Викторија и Дејвид Бекам, Круз Бекам на Инстаграм објави уникатен, но оштетен блузон за кој велеше дека го продава за 150 илјади долари.

Спортскиот блузон е дел од еднократната колекција на „Louis Vuitton“ и „Supreme“ создаден во 2017 година, а иако му недостасува дел од капата, тој на аукцијата достигна неверојатна цена.

Овој блузон на Круз лично му го подари модниот дизајнер Ким Џонс, додека беше уметнички директор на „Louis Vuitton“.

Судејќи според коментарите, луѓето не се импресионирани од постапката на малиот Бекам.

„Можеше да направи добротворна аукција. Тој и така го доби блузонот бесплатно“. „Како да му се потребни уште пари на целото богатство“, „Оваа воопшто не чини ниту 20 долари“, се само некои од коментарите.

Објавата набрзо беше отстранета, а профилот на кој блузонот беше на аукција е деактивиран.