Откако сподели со многубројните обожаватели дека ја примила втората доза на вакцина против коронавирусот, Северина овој пат ги поздрави своите фанови со прекрасна фотографија од Малдиви.

Со опис „Не знам ништо, тука сум со велосипед“ – пејачката сподели фотографија на која позира на велосипед на прекрасна песочна плажа, додека на неа носи интересен црвен костим за капење во ретро стил.

За само неколку часа по објавувањето, нејзината фотографија успеа да собере повеќе од 40.000 „лајкови“, а благодарение на неа пејачката доби бројни комплименти од следбениците.

Нејзината фотографија од Малдивите дојде откако и откри на јавноста дека примила втора доза на вакцина за коронавирусот.