Барселона славеше со 1:0 на домашен терен против Ваљадолид и дојде само до минус еден бод на лидерот Атлетико Мадрид. Многу реакции предизвика судењето на овој меч се јавија многумина со коментар, а еден од нив е и легендарниот Роберто Карлос, кој долги години играше за лутиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.
-Сигурно овој судија ќе добие награда на крајот од оваа недела за да суди еден натпревар по ова вечерва, напиша Роберто Карлос.
Секако, легендариот дефанзивец мислеше на судијата Латре, кој според многумина имаше доста контроверзни одлуки и дека судел на штета на Ваљадолид, па Карлос смета дека „наградата“ за ова ќе биде да ја дели правдата на „Ел Класико“ на 10-ти април, односно викендот што следува.