Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски кој со неговиот Динамо Загреб славеа со 3:0 против Тотенхем и го елиминираа со вкупни 3:2 во ЛЕ, по мечот на социјалните мрежи објави фотографија со дрес на Тотенхем со иницијали и посвета од Мурињо. Самиот Ристовски открил дека го запознал тренерот на англискитот тим, па му испрати порака.

– Фудбалскиот свет многу научи од тебе, а јас имав чест лично да видам колку голем човек си. Ти благодарам за моментот кој никогаш нема да го заборавам, порача Ристовски преку Инстаграм.