Богатата наследничка Парис Хилтон неодамна призна дека била незадоволна од тоа како медиумите со години ја „обележувале“, но, како што самата вели, таа е културна, начитана и добра личност.

Париз стана позната на пошироката јавност благодарение на реалното шоу „The Simple Life“, кое се емитуваше од 2003 до 2007 година. Објавила својата автобиографија кога имала само 23 години, а книгата се најде на списокот на бестселери на „New York Times“.

Париз лансираше бројни производи на пазарот, од козметика, чевли, облека, чанти, очила за сонце, облека за кучиња. Парфемите се покажаа како најпрофитабилни, со кои таа го удвои своето богатство.

Хилтон е многу активна на социјалните мрежи, па сега го сподели своето „мачење“ пред своите следбеници.

„Го чистам плакарот! Кој сака да ми помогне во средувањето“, напишала таа и покажала само дел од тоа што е во него.

Нејзните фанови биле воодушевени од изгледот на плакарот и ја замолиле богата наследничка да го сними секој дел од нејзниот дом.