Шерон Стоун е позната низ целиот свет како успешна актерка, а малку е познато дека долго време таа има свое хоби на кое е особено посветена. Имено, ѕвездата на филмот „Basic Instinct “ сака да слика, а својата уметничка страна ја покажа пред бројните фанови на својот инстаграм – профил.

Шерон најпрво откри дека завршува со сликање на еден од нејзините пејсажи, а подоцна го покажа и конечниот резултат.

Нејзините бројни фанови на социјалните медиуми останааа фасциниран од нејзиното дело, а притоа следеа и бројни позитивни коментари.

„Сликата е прекрасна“, „Дали има нешто што нè знаете како да направите?“, беа само дел од бројните коментари под уметничкото дело на Стоун.