Прекрасната 37-годишна турска актерка Мерием Узерли која стана позната по нејзината улога во хит-серијата „Величествениот“, каде што ја толкуваше улогата на Хурем Султан, сега на нејзините фанови им откри како изгледа во 8-от месец од бременоста.

Instagram

За фановите шок беше тоа што и покрај целата драма со поранешниот свршеник реши да го задржи и роди своето прво дете, а сега повторно ја интригира јавноста затоа што не сака да открие кој е таткото на нејзиното второ дете.

Иако ги има намалено работните обврски и ангажмани, актерката открива дека обожава да учествува во фотосесии, при кои гордо позира со трудничкото стомаче.

Актерката веќе е мајка на преслатката Лаура Џемин Узрели со која обожава да се фотографира и нивните насмеани лица често ги полнат насловните страници на таблоидите во Турција но и во Германија.