Сигирно се сеќавате на малата палавка во портокалова коса од романот на Астрид Линдгрен, измислен лик кој настанал сосема случајно, бидејќи нејзината болна ќерка Карин побарала да ѝ раскажува приказни за Пипи – Долгиот Чорап, девојче кое го измислила Астрид за да ја расположи.

Делото на Линдгрен се најде и на малите екрани, а девојчето кое го глумеше Пипи – Долгиот Чорап  е шведската актерка и пејачка Ингер Нилсон, која одамна го напушти светот на актерството.

Верувале или не, денес таа работи како секретарка во канцеларија во Стокхолм, која се занимава со административни работи.

Profimedia
Profimedia

Пред повеќе од 50 години започнаа да се прикажуваат филмовите и сериите „Пипи – Долгиот Чорап“. Девојчето со пеги на лицето и портокалова коса, сплетена во плетенки, која не се одделуваше од својот мајмун и коњ. Пипи ги освои срцата на многу луѓе и деца ширум светот.

Тогаш ја играше Игнер Нилсон, кој имаше само помали улоги како Пипи, а последната улога ја имаше во германската серија „Der Kommissionar und das Meer“, пред 14 години.

Таа сега има нова професија, која не е од светот на актерството. Поранешната актерка се занимава со администрација во канцеларија во Германија.

Profimedia
Profimedia

Ингер пред јавноста еднаш откри дека никогаш не добила хонорар за улогата на Пипи – Долгиот чорап, што ја направило славна, поради законите од тоа време. Фановите на филмот тогаш собираа донации за неа и нејзините колеги.

Прво бев многу лута затоа што не сакав да ја играм жртва и да барам милостина. Кога се смирив, сфатив дека тоа е само еден од нивните знаци на почит и желбата обожавателите да ни покажат колку нè ценат, изјави тогашната поранешна актерка.