Неколку генерации го чекаа овој момент, да можат нашите фудбалери да ги лепат на албумот Панини. Се случи и тоа, а оваа генерација ќе ја има уникатната можност. На ФБ страницата „Панини Македонија“ е објавена вест дека официјалниот албун со сликички Панини-ЕУРО 2020 во Македонија ќе биде во продажба од 5-ти април. Во европските земји албумот веќе е во продажба.