Авион на британската компанија Бритиш Ервејс доживеа несреќа на аеродромот Хитроу кога предниот дел на леталото паднало на пистата.

На објавените фотографии се гледа дека авионот Dreamliner 787 со предниот дел е на земја, додека покрај него има скали.

Итните служби веднаш се упатиле на местото, но засега не е познато колкава е штетата.