„Досие икс“ беше една од најпопуларните серии во деведесеттите, но и по толку години, серијата сè уште има бројни обожаватели низ целиот свет и култен статус, а главните актери, славните Мулдер и Скали, останаа добри пријатели по долги години.

Преку 218 епизоди, во текот на 11 сезони, агентите на ФБИ, Фокс Мулдер (Дејвид Духовни) и Дана Скали (Џилијан Андерсон) истражуваа паранормални феномени и теории на заговор за вонземјани и прикривањето на нивната влада.

Џилијан Андерсон објави фотографија на која таа и Дејвид Духовни позираат со нејзиното куче на голема радост на нивните бројни обожаватели.

„Стела денес запозна нов пријател“, напишала актерката покрај фотографијата на која собра скоро 400.000 лајкови.

„Херои на моето детство“, „Зошто не се венчате“, „Ова ме направи многу среќна“, „Благодарам, ова ме расплака“, „Знаевте дека ова ќе го уништите интернетот“, беа некои од ентузијастичките коментари.

Серијата „X-Files“ („Досие икс“) се емитуваше од 1993 до 2002 година, а актерите се појавија и во два филма (1998 и 2008 година), како и во две нови сезони (2016 и 2018 година).