Пехарот кој толку многу го посакуваше и недостигаше во колекцијата, Лионел Меси го освои на почетокот на месецот јули. Славеше со неговата Аргентина на Копа Америка во финалето против Бразил со 1:0. Токму неговата фотографија од соблекувалната како го држи пехарот го сруши рекордот на социјалната мрежа Инстаграм. Меси доби 20 милиони лајкови (допаѓања), со што го сруши рекордот на оваа социјална мрежа кога станува збор за спортска фотографија или објава.