Според шпанските медиуми агентот на фудбалерот на Ливерпул, Вајналдум е во Барселона каде имал преговори за преселба на неговиот клиент на „Камп Ноу“. Според шпанските медиуми начелно е постигнат договор. Тој ќе се пресели во Барселона како слободен играч бидејќи му истекува договорот во јуни, а ќе потпише договор со каталонците до 2024-та година.

Вајналдум во ноември ќе наполни 31 година, а во Ливерпул е од 2016-та година. Претходно играше за Њукасл, ПСВ и Феенорд.