Манчестер Сити денеска би требало да го заврши трансферот со кој ќе го сруши рекордот во Премиер лигата. Имено, според голем дел од англиските медиуми, а првенствено на Дејли Мејл веќе е договорен 26 годишниот фудбалер на Астон Вила и англиската репрезентација Џек Грилиш, за кој „Граѓаните“ ќе платат неверојатни 100 милиони фунти. Со ова тој ќе стане најскапо купен фудбалер во историјата на Премиер лигата.

Во моментов овој рекорд го држи градскиот ривал Манчестер Јунајтед кој во 2016-та година на Јувентус плати 89 милиони фунти за Пол Погба.