За неколку месеци се навршуваат десет години од историскиот настап на македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во Литванија каде за малку не го освои бронзениот медал. На ова не потсети легендарниот американец кој го носеше дресот на Македонија, Лестер Бо Мекејлеб. Тој објави фотографии на неговиот Инстаграм со кој се потсети на тој успех.