Портпаролката на Стејт департментот, Џалина Портер, за новинарите изјавила дека свастиката е откриена доцна во понеделникот и оти државниот секретар Ентони Блинкен им се обратил на вработените во врска со случајот.

Advertisements

„Овој лош графит е отстранет, а инцидентот ќе се испита. Како што им рече секретарот на сите наши вработени, ова е апсолутно одвратно, но корисен потсетник е дека антисемитизмот не е минато, дека сепак е сила со која се среќаваме во светот и за жал во близина на нашите домови“, рече Портер, пренесува Ројтерс.

Таа додала дека за антисемитизмот нема место во САД, а особено не во Стејт департментот и ги информирала присутните дека американското министерство во моментов работи на именување специјален пратеник за борба против антисемитизмот.

Свастиката, првично древен хиндуистички верски симбол, ја презеде германската нацистичка партија и сѐ  уште е знак на омраза кај силите на екстремната десница.