Веднаш штом ќе се појават неколку седи влакна, веднаш започнуваме со боење на косата или закажуваме третман во фризерски салон. Сепак, новиот тренд за убавина кој е популарен во светот го практикуваат сè повеќе познати дами кои не се срамат од своите седи влакна.

Една нив е шпанската кралица Летиција.

Во последните две години таа сè помалку ја бои косата, а нејзините сиви прамени станаа нејзин заштитен знак, па дури и изгледаат многу шармантно.

Исто така, коментарите на социјалните мрежи претежно велат дека кралицата изгледа дури и „шик“ со видливите седи прамени на неколку места на нејзината коса

Актерката Џејми Ли Кертис доживеала вистинско просветлување кога станува збор за боењето на нејзината коса во фризерски салон.

„Седев на стол и се прашував што правам, зошто ставам хемикалии на главата кои страшно ме горат. Влегувате во соба и ниедно лице нема природна боја на коса. Што вели тоа за нас?“, изјавила Ли Кертис.

Денес нејзината коса е целосно седа.

Уметницата Александра Грант, попозната како девојка на актерот Кијану Ривс, не ги крие нејзините седи влакна од нејзината триесетта година.

„Седев во раните дваесетти и ја боев косата во сите можни бои сè додека не можев повеќе да ја толерирам таа токсичност. Во триесеттите години, едноставно прекинав да го правам тоа“, заклучила таа.