Нејзиниот стил е едноставен и практичен, барем така тврдат светските модни експерти.

Кендал користи едноставни кроеви, еднобојни парчиња и тие се секогаш вешто комбинирани. Оваа млада дама, која доживеа планетарен успех со шоуто „Keeping Up With The Kardashians“, се смета за една од најголемите модни инспирации на денешницата.

За изгледот на Кендал Џенер е заслужна стилистката Дани Мишел, која облеката на моделот ја заснова на минимализмот и класични парчиња за сите времиња.

Неодамна, Џенер беше фотографирана во т.н. панталони со висок струк во комбинација со едноставна бела маичка со широка кошула Стајлингот го финиширала со ремен и апостолки со високи потпетици.

Или пак во потемна верзија, Кендел носеше панталони со висок струк со тесна маица и палто. Основните парчиња се во двата настапи потврда дека со едноставна облека можеме да добиеме впечатлив ефект.