Дури и на суперхероите им е потребна заштитна маска за време на пандемијата на коронавирусот – гласи пораката од фотошопираните фотографии на кои Вондервоман, Хари Потер, Џокер и останатите носат маски.

„Mask Up America PSA“ е проектот на кој работеше „WarnerMedia“ и во кој маскираше некои од своите најпознати јунаци од филмовите со цел промовирање на превентивните епидемиолошки мерки.

„Знаеме дека маската е најефикасното решение за превенција на ширењето на вирусот и драго ни е што „WarnerMedia“ дозволија да обработиме некои од нивните познати ликови со цел да испратиме важна порака“, се вели во соопштението за американските медиуми.

Погледнете како би изгледале јунаците од популарните филмови во Ковид ерата…

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа