Бидејќи деведесеттите како модна декада се повторно актуелни, ние ги издвојуваме 5-те најдобри модни избори на црвенокосата актерка, Џулија Робертс кои ја одбележаа оваа деценија.

1. Трегери 

Трендот што се враќа на голема врата повеќе не е резервиран за молерите и бремените жени, но може да се комбинира во секојдневната облека. Добар пар трегери и бела маица се сѐ што ви треба за да го постигнете крајниот летен лежерен стил.

2. Облека позајмена од партнерот

Машките кроеви на одела веќе некое време доминираат во модната сцена. Потполнките се особено актуелни, а доколку ви недостига инспирација, тука е изгледот на Џулија од церемонијата на доделување на наградите „Златен глобус“, кој во тоа време беше неверојатен.

3. Беретка 

Ништо не сугерира француски стил како беретка во вашата омилена боја, додека белата маица, минималистичките обетки и темните ретро очила дополнително го истакнуваат францускиот стил.

4. Црно и бело

Бела ролка, црно сако и добри фармерки – ако мислевте дека не постои безвременска модна комбинација, се излажавте. Ова лето оберете и ролка летни блузи од памучен материјал без ракави.

5. Црвен фустан

Премиерата на филмот „Nothing Hill “ во 1999 година го одбележа еден од клучните моменти кога Робертс се појави со недипилирани пазуви во црвен фустан. Овој феминистички потег  на катерката во тоа време беше нашироко осудуван, но денес ја класифицира Џулија како пионер на феминизмот, која се бореше за слободата на женското тело.