Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, сподели фотографија од својот деветмесечен син X Æ A-XII, па ги воодушеви луѓето ширум светот.

Извршниот директор на „Тесла“ сподели фотографија на која неговиот син го влече за маицата додека тој разговара на телефон.

„Второто Последно кралство“, напишал Маск покрај фотографијата.

Маск и неговата девојка Грајмс, го добија своето прво дете во мај 2020 година.

Парот на почетокот на бебето му го даде името X Æ A-12 Mаск, но потоа беа принудени да го променат во X AE A-XII затоа што калифорнискиот закон забранува посебни знаци и бројки во имињата.

                                                                                   Твитер