Актерот и шоумен Игор Џамбазов на својот инстаграм – профил сподели фотографија со неговиот лик, но преработена во стилот на познатиот марксистички револуционер и еден од водачите на Кубанската револуција, Че Гевара.

На позната беретка на Че Гевара, овој пат Игор ставил нов симбол, ноти, а со таа фотографија на забавен начин постави прашање до своите фанови:

Че се вакцинираме! – напишал Игор во описот на фотографијата.

Под објавата се редеа бројни коментари од неговите фанови, а неговата објава наиде на многу допаѓања и од нашите познати јавни личности.