Линда Лопез е успешна новинарка која води семеен и мирен живот…

Семејството на славната Џенифер Лопез остана во нејзината сенка, иако пејачката многу често истакнува колку нејзините најблиски најмногу и значат.

Џенифер има сестра која се вика Линда и која е многу успешна во својата работа, а малкумина знаат дека таа всушност е новинарка и водителка на познатата американска телевизија.

Таа водеше и забавна програма, а еднаш ја угости и сестрата Џенифер. Таа остана многу прибрана и професионална, па така никој не можеше да погоди дека тие две се сестри.

Тие често се фотографираат заедно и ги објавуваат сликите на социјалните мрежи, а особено сакаат да истакнат колку се горди една на друга.