Јелена Розга на Инстаграм профилот покажа како изгледала пред 20 години, па доби низа комплименти за својот изглед.

Пејачката Јелена Розга ги потсети своите пријатели и обожаватели на социјалните мрежи како таа изгледала пред дури 20 години, кога била на самите почетоци од својата успешна музичка кариера.

43-годишната Јелена објави фотографија на која во лежерно издание позира пред црно-белиот портрет снимен одамна, а веднаш потоа доби и низа комплименти бидејќи многумина заклучија дека таа речиси воопшто не се променила.

„Некогаш и сега“, напиша таа покрај објавата.

„Кој е убав, секогаш е убав“, „Секогаш убава“, „Убава тогаш, убава и сега“, „Како некогаш и сега? Јас мислев дека ова е сега, нема воопшто промена“, „Нема разлика, твојата убавина е иста и денес“, се само дел од многубројните пофалби од нејзините фанови.