Италијанската рок-група „Måneskin“ победи на 65-тото издание на Евровизија. Девојките ширум светот „фрлија око“ на фронтменот Дамиано Давид. Сепак, тој е во среќна врска веќе подолго време.

Дамиано подолго време го криел својот љубовен живот далеку од очите на јавноста, но неодамна решил да обелодени дека е во врска со моделот и една од попознатите „инфлуенсерки“ во Италија,
Џорџа Солери.

Парот е веќе четири години во љубовна врска. Некои извори наведуваат дека тие всушност се вериле.

Дејвид порано бил во врска со Викторија де Ангелис, басистката на „Måneskin“.