Денес (27 март), во театрите низ светот се одбележува Светскиот ден на театарот. Поради пандемијата на коронавирусот традиционалното одбележување нема да биде како што доликува, со надеж за поубави денови.

Актерот и шоумен Игор Џамбазов на својот инстаграм – профил во чест на овој ден сподели многу стара фотографија од неговата мајка, актерката Анче Џамбазова и неговиот дедо Петре Прличко, а под објавата напиша:

Денес е 27 март, Светскиот ден на театарот. А ова се мајка ми Анче и дедо ми 5-ре во „Вообразен болен“ од Жан Батист Поклен Молиер. Премиерата е изведена во Македонскиот народен театар на 30 октомври 1952 – напиша Игор, а под објавата се редеа бројни коментари од фановите на театарската уметност.