Џон Траволта ги скрши срцата на своите обожаватели со тажната објава посветена на неговиот покоен син Џет, на денот кога би наполнил 29 години доколку неговиот млад живот не згасна прерано.

„Среќен роденден мој прекрасен Џети! Те сакаме“, напиша Траволта на својот инстаграм – профил.

Џет Траволта почина во јануари 2009 година за време на семејниот одмор на Бахамите, на само 16 години. Додека бил во бањата, младиот Џет доживеал епилептичен напад по кој паднал и ја повредил главата. Џет беше младо момче со аутизам, но семејството Траволта не зборуваше многу на таа тема.