Директорот на креативната куќа „Gucci“, Алесандро Микеле, уште еднаш докажа дека е моден генијалец, презентирајќи ја новата бизарна колекција која е духовит одговор на целиот плагијат кој се реплицира од неговите дизајни.

Гучи издаде голем број парчиња облека, обувки и модни додатоци кои се во фокусот на вниманието затоа што се автентични, оригинални Гучи парчиња на кои стои натпис „FAKE“, што во превод значи лажни. Тоа е одлична игра на Микел, со која тој испрати одлична порака до сите плагијатори кои не ја почитуваат неговата работа.

Веруваме дека само парчињата Louis Vuitton се почесто копирани од колекците „Gucci“, како што се ремените, чантите и облеката

Колекцијата има 14 парчиња, а цените на некои модели достигнуваат до 2.000 евра. Најевтиното парче од колекцијата е мал паричник, кој чини околу 300 евра.

Патики, дуксери, папучи, паричници и сите други парчиња од колекцијата имаат класична двобојна лента што за прв пат беше видена лансирана во 80-тите години на минатиот век. Токму во овој период, логото и мотивите на „Gucci“ беа и нелегално присвоени за прв пат, а создавањето на нивни копии е незапирливо.