Џејн Сејмур и Џеклин Смит на Инстаграм објавија заедничка фотографија и разбудија носталгија кај многу обожаватели кои добро се сеќаваат на нивните улоги од почетокот на кариерата.

Холивудските актерки Џејн Сејмур и Џеклин Смит се познаваат веќе со децениии, а пријателки станале уште како млади актерки кога шотуку се појавиле на холивудската сцена.

А откако не се виделе некое време, 70-годишната Џејн и 75-годишната Џеклин повторното се сретнале и се присетиле на некои убави спомени. Џејн нивната заедничка фотографија ја објави на Инстаграм, а нејзините следбеници заклучија дека и двете изгледаат неверојатно добро за своите години.

„Штотуку повторно се видов со Џеклин Смит по сите овие години! Таа е всушност една од првите актерки кои ги запознав на почетокот на кариерата. Многу нешта поминавме заедно и прекрасно е тоа што досега споделивме многу нешта, како нашите заеднички патувања. И еве не повторно, замотани во марамите на љубовта, а таа е моја инспирација“, напиша Џејн во описот на фотографијата.

Џеклин на гледачите им е најпозната по улогата на Кели Герет во серијата „Чарлиевите ангели“ која беше емитувана од 1976 до 1981 година, додека Џејн во тоа време беше ѕвезда од филмовите за Џејмс Бонд.