Една свадба речиси не успеа да се одржи поради трагедијата што се случи за време на церемонијата – невестата доживеала срцев удар и починала.

Сепак, наместо да ја прекинат венчавката, двете семејства сепак решиле „да ја завршат работата“, па младоженецот се оженил со помладата сестра на починатата невеста. Овој бизарен настан се случил во индиската држава Утар Прадеш, пишува британски „Дејли меил“.

Трагедија на самиот почеток

На младата жена, чие име е Сурби, и се слошило за време на долгата хиндуистичка свадбена церемонија. Отпрвин, сите мислеле дека и е тешко поради традиционалната венчаница, кој вклучува тежок накит и многу шминка.

Сепак, се испоставило дека младата Сурби доживеала срцев удар. Иако веднаш била повикана итна помош, невестата починала набргу по пристигнувањето на лекарите.

Особено неутешен бил младоженецот, Мањеж Кумар, кој поради тоа што останал без невеста, било извесно дека го очекува и осуда од присутните. Како што пишува „Дејли мејл“, доколку сватовите не ги донесат невестата и младоженецот, според индиската традција, тоа е „голем срам“ за фамилијата и значи дека некој фрлил „клетва“ на семејството.

Неочекуван пресврт

Сепак, младоженецот Кумар не си заминал дома „засрамен“.

Иако уништено од загубата на нивната ќерка, семејството на младата Сурба одлучило дека венчавката мора да се одржи, со цел да се избегне непријатност за двете семејства. Мајката и таткото на починатата невесста му понудиле на младоженецот да се омажи за помладата сестра, која исто така била доволно стара за да се омажи.

Така, Кумар и Ниња се венчале и ја славеле својата венчавка додека телото на Сурба лежело во соседната просторија, чекајќи да биде подготвена за кремирање, според хиндуистичките обичаи.

Еден од чичковците на почината невеста изјавил за тамошните медиуми дека „на семејството не му било лесно да ја продолжи свадбата додека Сурби лежеше мртва“.

Сестрите фотографирани заедно еден ден пред ненадејната смрт на Сурби, ликот на сестрата Ниша е заокружен со црвено

И младоженецот изјавил дека „не му било лесно“, а еден од неговите браќа изјавил за медиумите дека „надреално е една млада жена да се подготвува за свадба во една соба, додека нејзината сестра лежи мртва во соседната просторија“. Сепак, и двете семејства изјавиле дека го сториле „она што требало да го сторат“.

– Не знаевме што да правиме. Двете семејства седнаа на масата и одлучија што да прават. Тогаш падна предлог помладата сестра да се ожени со Кумар. На крајот, се согласивме дека е најдобро за сите, рекле најблиските. Двете семејства изјавиле дека „во нив истовремено се мешале екстремна тага и среќа“.

Мајката на починатата невеста најтешко го поднела целиот настан, па и се слошило за време на церемонијата, од тага. Братот на Сурби, Гура, изјавил дека неговата почината сестра имала големи планови и дека како најстара ќерка била сакана од целото семејството, како и дека многу ќе им недостасува.