Сите сме слушнале за Клеопатра, но историјата ја обележале уште неколку владетелки кои се прославиле со нивните воени вештини и освојувачки способности. Тие биле страв и трепет за сите, на непријателите им сечеле глави и никој не можел да ги надмудри како војни стратези.

Царицата Фу Хао

Царот Ву Динг од династијата Шанг владеел во 13 век п.н.е., а познат е по тоа што создавал сојузи со непријателските племиња преку склопување на бракови со нивните жени и за животниот век имал околу 60 сопруги.

Profimedia

Една од нив, царицата Фу Хао била познат војсководец, политичар и свештеник. Успешно се борела против непријателите на Кина, а долгогодишниот проблем кој царството го имал со племето Ту-Фанг го решила во само една битка. Таа била една од најверните советнички на царот.

Најдобар показател за воената моќ и угледот кои ги уживала царицата Фу Хао е нејзината импозантна гробница во која се пронајдени бројни примероци од бронзено оружје и ритуален прибор, илјадници предмети од жад и слонова коска, купишта пари на династијата Шанг и остатоци од нејзините слуги кои биле пратени како жртви да ѝ служат во задгробниот живот.

Томирида, кралицата на Масагет

Кир Велики, кој владеел со царството на Арахменидите во 6 век п.н.е. е познат како еден од најмоќните персиски владетели. Неговите непријатели мислеле дека е непобедлив, но го поразила бестрашната кралица Томирида, владетелка на племето Масагети.

Според античките историчари Томирида владеела со Масагетите, скитски коњаници кои јавале низ степите на централна Азија и од кои потекнуваат Хуните.

Кир и Персијците во нив не гледале никаква закана, тие редовно ги победувале скитските трупи така што ги опијанувале вечерта пред битката.

Во една од тие битки бил заробен синот на Томирида, кој потоа извршил самоубиство.
Томирида се разбеснела и му пратила гласници на Кир, но тој ја игнорирал пораката. Поради тоа таа ги предизвикала Персијците на друга битка, и овој пат триковите на Кир не функционирале. Масагетите ги заобиколиле Персијците, а според многу извори непобедливиот Кир во битката го убила токму Томирида која му ја отсекла главата и ја ставила во сад полн со крв каде што ја чувала цел живот, а се зборува и дека повремено пиела од крвта.

Profimedia

Артемизија, кралицата на Карија

За време на Грчко-персиските војни, кога кралот Ксеркс тргнал во поход против Грците во 5 век п.н.е., негов најголем сојузник била Артемизија, кралицата на Карија, кралство кое се протегало на територијата на денешна Турција.

Артемизија владеела со Карија по смртта на нејзиниот сопруг, додека нејзиниот син не станал полнолетен. Херодот ја опишува како најважен сојузник на Ксеркс и се воодушевува на нејзината лукавост, одлучност и на цврстиот карактер.

Таа имала силна морнарица и на нејзините бродови често се вееле грчки знамиња додека им се приближувале на непријателите, а потоа ги изненадувале. Поради тоа Артемизија важела за вешт пират и одличен стратег, а Грците нуделе награда од 10 000 драхми за нејзината глава.

Неверојатна храброст покажала во битката кај Саламина во која Персијците претрпеле огромен пораз. Од сите сојузници и војсководци, Ксеркс ја избрал Артемизија за оваа битка. По поразот на Персијците, историчарите забележале дека Артемизија со нејзините брзи бродови ги извадила синовите на Ксеркс на сигурно.

Profimedia

Сестрите Трунг

Во првиот век од новата ера владеела династијата Хан. Владетелот на северен Виетнам, Тхи Сача, бил убиен од страна на кинеските генерали поради заговорот со кој сакал да ја собори нивната влада во земјата. По неговата смрт водството на движењето на отпорот го преземала неговата вдовица Трунг Трак.

Таа и нејзината сестра Трунг Нхи започнале војна против кинеската власт во 39 г.н.е. и за една година ослободиле 65 цитадели во северен Виетнам, прогласувајќи се за кралици на безимената земја која се простирала од јужна Кина до централен Виетнам.

За жал, нивните трупи не биле доволно подготвени и немале поддршка од народот за да го издржат притисокот на кинеската војска, па биле поразени во близина на денешен Ханој.

Сестрите биле принудени да се повлечат и на крајот се удавиле за да избегнат заробеништво. Како водачи на првото национално движење во Виетнам, денес се сметаат за херои во нивната земја.

Благодарение на нивниот успех, во виетнамскиот патријахален систем жените имаат многу подобра позиција во однос на жените од соседна Индија и Кина.

Profimedia