Во Барселона веќе полека се подготвуваат за новата сезона.

Каталонскиот клуб ќе ги започне подготовките за новата сезона кон средината на следниот месец, кога треба да се искристализираат некои работи околу играчкиот кадар.

Јасно е дека некои играчи ќе ја напуштат Барселона, а се очекуваат нови засилувања.

Барса досега ја засилија Серхио Агуеро, Ерик Гарсија и Емерсон, но се очекува да пристигнат уште неколку играчи. Следното засилување треба да биде Мемфис Депај кој се чини постигна договор со Каталонците.

Каталонскиот клуб се подготвува за новата сезона и на други полиња, па пред неколку дена го претставија првиот сет на дресови.

Новите дресови на Барселона имаат многу интересен дизајн, а најмногу внимание привлекоа шорцевите. Сепак, се чини дека обожавателите не се премногу воодушевени и го критикуваа Најк за овој дизајн.

Исто така, Барселона направи голема грешка при презентирање на дресот на социјалните мрежи.

Имено, на едно од видеата на првиот сет на дресови може да се види дизајнот на дресот во кој клубот ќе игра на гостински терен.

Овој пакет дресови нема да биде официјално претставен до следниот период, но дизајнот е веќе познат поради голема грешка на Каталонците.