Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари на земјоделците во Африка и Азија за да им помогне да се прилагодат на климатските промени, објави денеска фондацијата. Таа сума ќе се доделува во период од четири години за иновации што овозможуваат подобра толеранција на суша, топлина и екстремни поплави кои дополнително се зголемени со климатските промени.

„Потребно е дополнително финансирање за да се осигури дека земјоделските и технолошките иновации се широко достапни за ранливите заедници“, рече Бил Гејтс, милијардерот ко-основач на Мајкрософт. Соопштението беше објавено по повод климатската конференција на ОН (КОП27) во Шарм ел Шеик, Египет, каде од денеска се собираат политичките лидери од целиот свет, под притисок да ги зајакнат своите заложби за борба против климатските промени поради зголеменото затоплување и да се обезбеди поддршка на сиромашните земји кои се најпогодени од него.

Организациите што претставуваат 350 милиони мали земјоделци побараа денеска приоритет за КOP27 да биде изградба на „систем за храна што може да го нахрани свет от на планетата што се загрева“.

Прикажи повеќе