Екипата на Шкендија со реми 1-1 против екипата на АИК го заврши првиот предизвик од третото коло на Конференциската лига во Стокхолм. Реми со голема тежина за црвено-црниот тим, знаејќи го фактот дека домашните беа големи фаворити на оваа пресметка. Ферхан Хасани го отвори резултатот после 26 секунди од мечот на стадионот „Френдс Арена“, пред домашниот напаѓач Гуидети да ги израмни бројките на 1-1, во 17 минута. Тренерот на Шкендија, Артим Шаќири по средбата истакна дека е комплетирано само првото полувреме од тие 180 минути од пресметката на двата тима.

Advertisements

„Беше убав натпревар за кој велам дека доминиравме, но генерално сакавме да извлечеме резултат. Ја знаевме ситуацијата и проблемот каде ќе ни дојде лошото, но пред се мислиме дека тоа е изедначен резултат што и ние и противникот го заслуживме. Првиот дел од 180-те минути останува нерешено и резултатот ќе треба да го бараат во вториот меч во Скопје на домашен терен”, рече Артим Шаќири, тренер на КФ Шкендија.

Тренерот на црвено-црните смета дека вториот меч ќе биде поинаков, бидејќи таму се решава судбината на двете селекции во европските натпреварувања.

“Тргнуваме од нула, со изедначен скор, натпревар во кој ќе се решава судбината на двете екипи, нормално ние како локални ќе ја бараме победата за да продолжиме во следната рунда. Ќе биде тешко, но имаме време да се подготвиме за следниот натпревар”, додаде Артим Шаќири, тренер на КФ Шкендија.

Реваншот меѓу Шкендија и АИК ќе се одигра на 11 август.

Другиот тим во европските натпреварувања, ФК Шкупи, претрпе пораз на првата средба со Шамрок Роверс, во рамките на третото коло од Лига Европа. Со головите на Бурк и Вотс, домашните по првите 45 минути имаа водство од 2-0, додека ФК Шкупи го постигна единствениот гол во овој предизвик преку Бразилецот Кувен во 77. минута.

Во 84. минута Хамиди беше исклучен со црвен картон, додека во 7 минута од судиското продолжение О’Нил ги постави конечните бројки 3-1 за домашните. Реваншот ФК Шкупи – Шамрок Роверс ќе се одигра на 9 август на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје./Alsat.mk

Махир Тачи