По вчерашните реакциите во јавноста дека 12.000 фирми не исплатиле плата на вработените за месец февруари, денеска тој број се намали на 10.000. Останатите им платиле на своите вработени. Од Управата за јавни приходи за Алсат велат дека очекуваат број на фирми кои не го испочитуваа рокот за исплата, а тоа е 15-тти во месецот, во следните денови да се намалува и поголемиот дел од работодавачите да почнат да им плаќаат на вработените. Најголемиот дел од овие претпријатија чекаат на владината финансиска помош. Директорката на УЈП уверува дека управата нема веднаш да ги блокира сметките на фирмите кои доцнат, но доколку таквата состојба продолжи, процедурите ќе мора да се запазат.

„Оние кои не исплатиле плата на време, односно не го испочитувале рокот им се издадени опомени. Меѓутоа нашата цел е да се помогне на компаниите, а не да ги блокираме. Очекуваме дека во најскор можен рок ќе се донесе законот и ќе може да отпочнеме со соодветната процедура. Секако го има оној момент на одредено толерирање, но не и за оние кои сакаат да направат соодветна злоупотреба го имаме во предвид“, рече Сања Лукаревска директорка на УЈП.

– Advertisement –

Доколку, политичката криза во Собранието продолжи, Лукаревска вели дека ќе треба да се направат нови координации со Министерството за финансии и со Владата. Податоците на УЈП велат во декември согласно четвртиот сет економски мерки, поддршка за плата добиле 13.210 илјади фирми за нешто над 66 илјади вработени.

Иле Петревски

Прикажи повеќе