Шпанска „Марка“ објави дека поради финансиските проблеми на Барселона, Антоан Гризман наскоро би можел да има нов клуб. Имено, Каталонскиот тим мора да продава за да ги „испегла“ финансиските книги. Па, така освен тоа што Миралем Пјаниќ и Умтити се најдоа на излезната врата, се чини дека за таа цел „жртвуван“ ќе биде и Антоан Гризман, кој за волја на вистината никогаш не блесна како во Атлетико Мадрид.

на Барселона да заштеди на платите, но продажбата допрва треба да се реши. За него се бара солидна сума, бидејќи Каталонците се здобија со фудбалерот за 120 милиони евра.

Гризман игра за Барселона од 2019 година. Минатата сезона тој одигра 51 натпревар за тимот на сите турнири, постигна 20 гола и направи 12 асистенции.

Порталот „transfermarkt.de“ го проценува Гризман на 60 милиони евра. Неговиот договор со клубот важи до крајот на јуни 2024 година.