Институтот за економски истражувања Finance Think ги демантира властите дека еколошката такса нема да има никакво влијание врз инфлацијата. Анализата на институтот покажува дека зголемените цени на горивата за 3,5 денари без ДДВ ќе ги зголеми цените на краток рок за 0,15 до 0,3 проценти. Ефектите ќе бидат поголеми на долгорочен план кога ќе дојде до повисок раст на цените. Според, нив оваа мерка не треба да биде воведена наеднаш туку етапно во наредните две години.

Advertisements

„Долгорочните ефeкти се посилни од краткорочните токму заради фактот воведувањето на еколошката такса има постојана промена и ефектот на долг рок пораст од 0,8 до 0,9 проценти на општото ценовно ниво. Нашата препорака е еколошката такса да се воведува етапно односно 1,5 денар да биде во јули оваа година, дополнителен еден денар во текот на јануари следната година и во 2022 јули месец уште дополнителен денар“, рече Благица Петрески од Институтот за економски истражувања „Finance Think“.

Предлог-законските измени доставени до Собранието од Владата сè уште не се знае кога ќе се најдат на комисиска расправа. Иако во самиот предлог за измените во Законот за животна средина е вметната табелата за усогласување со правото на ЕУ, засега Владата бара законот да се донесе по скратена постапка, без употреба на европското знаменце.

Опозициските партии Алијанса на Албанците и Алтернатива, ВМРО- ДПМНЕ и Левица најавуваат блокада на таксата. Аргументите на опозициските партии за блокадата се дека не се знае каде Владата ќе ги троши 54 милиони кои се очекува да ги собере за една години, но и поради дополнителниот финансиски товар кои ќе го имаат граѓаните и фирмите од оваа давачка. Но, Владата останува на ставот дека еколошката такса е неопходна за да има повеќе пари за проекти поврзани со екологијата.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе