Додека земјите од Западен Балкан сонуваат за влез во ЕУ, ветуван речиси дваесет години, нивните народи, како што пишува париски „Фигаро“ , изразуваат сомневања дека новата структура – Европската политичка заедница (ЕПЗ), од која Русија е исклучена, ќе ги исполни нивните очекувања.

Дали оваа Европска политичка заедница, почната на 6 октомври во Прага ќе ја забрза интеграцијата на нациите од Западен Балкан, или ќе биде чекална за регионот уморен од неможноста да се приклучи на ЕУ, а кој го посакуваат Кина, Русија и Турција?

Ако претседателот Емануел Макрон увери во неговата „Стразбуршка заклетва“ пред Европскиот парламент, на 9 мај 2022 година, дека „за Западен Балкан, патот е веќе трасиран“, оној на пристапувањето, нејасностиите сè уште преовладуваат во овие земји.

Вознемиреноста да се остане на прагот на ЕУ барем уште една деценија е разбирлива со оглед на тоа што европскиот хоризонт му беше понуден на регионот пред речиси дваесет години, за време на Европскиот совет во Солун на 21 јуни 2003 година, а само Хрватска и Бугарија оттогаш станаа членови на ЕУ, потсетува „Фигаро“.