Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска поднесе кривична пријава против поранешниот претседател, Сеп Блатер поради финансиски малверзации при отворањето на Музејот на ФИФА.

Како што наведува, ФИФА се сомнева во криминално раководење на Блатер и неговите соработници и компанијата која го градела Музејот на ФИФА во Цирих.

Музејот е отворен во 2016 година, откако беа потрошени 140 милиоини долари за обнова за зградата во која истиот се наоѓа, а ФИФА исто така потпишала договор за изнајмување на истата со сопсвениците и се обврзала дека ќе плати 360 милиони долари до 2045 година.

„Ревизијата откри голем спектар на сомнителни работи и пропусти во управувањето од кои некои се можеби од кривична природа и кои мора да бидат детално истражени“, соопшти ФИФА.

ФИФА исто така соопшти дека кривичната пријава е доставена до државните обвинители во Цирих, по што адвокатите на Блатер веднаш ги демантираа обвинувањата.