“Феникс 2010” првпат во својата историја ќе игра во финалето на Купот на Македонија, откако во интересната полуфинална битка беа подобри од Пелистер со 86:79 (26:17, 21:27, 19:19, 20:16).

Advertisements

Во големото финале, “Феникс 2010” ќе се судри со 10-кратниот шампион “МЗТ Скопје”, кој претходно во првото полуфинале го елиминираше ТФТ Скопје.

“Феникс 2010” имаше подобар старт на мечот осигурувајќи предност од 26:17 по првата четвртина, разлика која се зголеми на 37:21 во втората четвртина, пред Пелистер да се врати со своја серија и да намали на 37:32. Сепак, Феникс ја оддржуваа разликата и во второто полувреме, не дозволувајќи битолскиот клуб да се доближи на помалку од пет поени разлика.

Финалето се игра во СРЦ „Кале“ со почеток од 19.30 часот./Makfax/

Прикажи повеќе