Фенг шуи е древна кинеска уметност која верува дека одредени аспекти на животот можат да се подобрат или да се повратат во зависност од распределбата на предметите во просторот. Ако сакате да ја зајакнете вашата врска или да запознаете некој нов во вашиот животен простор, направете ги овие промени.

Фенг шуи – мудрост – ако вашиот кревет е стиснат во еден агол на вашата спална соба или се крие зад вратата само со еден осамен ноќен плакар, можеби тешко ќе пронајдете функционален љубовен однос. Според фенг шуи, тоа значи – не сум подготвен/а, се кријам од љубовта.

Бојата во спалната соба игра голема улога во подобрување на љубовниот живот. Сината боја симболизира одмор, светло розовата е симбол за среќа во заедничкиот живот, белата боја е симбол за смиреност.

Секоја боја има одредено значење според фенг шуи учењето, па доколку сакате да подобрите одреден аспект од вашиот живот, најдобро е да се консултирате со луѓе кои го уредуваат просторот според фенг шуи техниката и кои исто така ќе ви изработат индивидуална карта за просторот во кој живеете, за да видите која боја треба најмногу да биде застапена во вашиот дом.

Во фенг шуи, розовата е боја на врската, и токму затоа најдобро е да ја искористите при уредувањето на спалната соба. Тоа не значи дека целата спална соба треба да биде во розова боја. Корисно ќе биде ако додадете некој нежен детаљ во оваа боја.

Розовата боја симболизира љубов, среќа, задоволство и романтика.

Ногарките на мебелот ставете ги на килимот. „Никогаш не ставајте го целиот мебел покрај sидовите“, предупредува консултантката за фенг шуи, Карен Рауч Картер, и додава: „Комбинацијата на мебел треба да ја поттикне комуникацијата. Барем ставете ги предните ногарки на мебелот на тепихот, па луѓето ќе седнат и ќе разговараат ’.

Спалната е соба во која треба да циркулира позитивна енергија, соба која треба да влегува природна светлина, треба да има бои кои одговараат како за во спална соба и креветот треба да е во добра положба.

Во зависност од уредувањето на спалната соба зависат односите со партнерот доколку живеете во заедница, или привлекувањето на сродна душа доколку живеете сами.

Проблемите кои настануваат во брачниот живот како што се огорченост, недоразбирање, неверство, расправии и емотивна оддалеченост се резултат на негативната енергија која преовладува во спалната соба.

Доколку сакате да им ставите крај на кои било од спомнатите проблеми, следете ги фенг шуи советите за уредување на спалната соба и уживајте во вашиот љубовен живот со вашиот партнер.

Ставете фотографии на ѕидовите. За да ја зајакнете вашата врска, на ѕидовите во ходникот и во другите фреквентни места поставете врамени фотографии од вас и партнерот, од семејството, советува консултатот по фенг шуи Кен Лохер. На ноќните орманчиња држете ги само фотографиите од вас и од партнерот, заедно во пар.

Положбата на креветот е уште еден важен елемент за подобрување на љубовниот живот.
Најдобро е креветот да биде поставен паралелно со влезната врата во спалната соба.

Во никој случај не треба да се спие на кревет на кој нозете ќе ви бидат свртени кон влезната врата.

Доколку условите во спалната соба не дозволуваат поголеми промени кои ќе доведат до подобрување на состојбата, доволно е помеѓу креветот и вратата да поставите параван кој ќе го блокира погледот кон вратата – што според фенг шуи не е добро.

Најдобро е креветот да биде изработен од дрво и да е ваш сопствен, а не наследен од некои ваши предци, бидејќи во таков случај можно е да ги наследите сите проблеми кои ги имале и вашите предци.

Полиците кои се наоѓаат над креветот, нередот околу креветот, како и затрупаноста со плакари околу креветот даваат чувство на несигурност, тежина и чести главоболки.

Најдобро е околу креветот да нема ништо за да може енергијата да циркулира, а воедно ваквата положба е и симбол за нови познанства или обновување на врската.

За да се подобри комуникацијата и да се зголеми среќата во врската, според фенг шуи најдобро е да се постават две розови или црвени свеќи во кристални свеќници од двете страни покрај креветот.

Плакарите и регалите кои најчесто ги ставаме во спалните соби треба да бидат во хармонија со креветот. Најдобро е да се поставени во паралелна положба со креветот, да се со неутрални бои и да се оддалечени од самиот кревет најмалку еден метар.

Доколку имате огледало во спалната соба тоа никако не треба да е поставено спротивно од прозорецот и спротивно од креветот. Таквата поставеност само ги влошува односите со партнерот, а доколку сте осамени многу потешко ќе можете да воспоставувате нови познанства.