Според англиските медиуми, Жозе Мурињо сака да го донесе Маруан Фелаини (33) во Тотенхем.
Фелаини со Мурињо соработуваше во Манчестер Јунајтед, а потоа Фелаини замина во Кина каде игра за Шандонг Луненг.
Фелаини може наскоро да се врати во Европа, и ќе биде интересно ако тоа се случи во Тотенхем.
Кинезите, наводно, се подготвени да му дозволат на Фелани да замине крајот на оваа година.
Фелаини играше и за Евертон во Англија, додека претходно беше член на белгискиот Стандард Лиеж.
Тој забележа повеќе од 250 настапи во Премиер лигата.